17 септември 2025
• од Гоце Кически
Володимир Зеленски, објави дека преку финансискиот механизам „Prioritised Ukraine Requirements List“ (PURL), до следниот месец Киев очекува да располага со фонд од околу 3,5 милијарди американски долари (2,9 милијарди евра). Средствата се обезбедуваат од НАТО-сојузниците, со исклучок на САД, а ќе бидат насочени за набавка на современо американско оружје, муниција и воена опрема.
„Досега добивме над 2 милијарди долари од нашите партнери специјално за PURL програмата. Во октомври ќе добиеме дополнителни средства и верувам дека ќе имаме вкупно околу 3,5-3,6 милијарди,“ изјави Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Иако деталите за првите испораки не беа откриени, украинскиот лидер потврди дека тие ќе вклучуваат ракети за системите „Patriot“ и муниција за „HIMARS“, што ќе ја зајакне одбраната од руските воздушни напади и ќе овозможи зголемена прецизност во контраофанзивата.
Покрај воената помош, САД и Украина најавија нов фонд од 150 милиони долари за инвестирање во украинскиот минерален сектор, енергетика и инфраструктура. Половина од средствата ги обезбедува Американската агенција за меѓународни развојни финансии (DFC), а останатата половина украинската влада.
Министерот за економија, Олексии Соболев, изјави дека фондот претставува „светилник за меѓународни инвеститори“ и ќе биде клучен за обнова на земјата и зајакнување на економската стабилност, со цел до 2026 година да бидат финансирани најмалку три големи проекти.
Европската унија и НАТО уште еднаш ја потврдија својата непоколеблива посветеност кон независноста и територијалниот интегритет на Украина. Програмата PURL е практичен пример за заедничко евроатлантско дејствување, кое не само што ја поддржува Киев во одбраната од руската агресија, туку и ги зајакнува врските меѓу Европа и САД.
И покрај продолжените обиди на Москва за дипломатски маневри, секојдневните руски напади врз украинската инфраструктура и цивилното население покажуваат дека вистинскиот мир може да се постигне единствено преку сила на единството меѓу НАТО, ЕУ и демократскиот свет.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден