18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Советот за безбедност на Грција (КИСЕА) ја одобри набавката на четвртиот воен брод од класата Белара од Франција, јавува „Ројтерс“.
Главната цел на овој чекор е зајакнување и обновување на грчките вооружени сили, како и подготовка за можни предизвици од Турција – нејзиниот долгогодишен ривал иако и двете земји се дел од НАТО. Двете држави имаат постојан спор за морските граници во Егејското Море.
Состанокот на Советот за безбедност беше свикан веднаш откако Анкара најави дека во следните денови ќе врши научни истражувања во Егејот, што предизвика дополнителна вознемиреност во Атина.
Уште во 2021 година, Атина прифати да набави три нови воени фрегати за околу три милијарди евра, со можност за четврта. Целта е старите бродови, кои повеќе од 30 години служат во морнарицата, да бидат заменети со современи единици.
Висок државен претставник потврди дека Советот ја изгласал набавката на четвртиот брод, но не откри детали за цената. И друг извор ја потврди истата информација.
Министерот за одбрана Никос Дендијас претходно изјави дека новата фрегата ќе биде опремена со балистички ракети, што значително ќе ја засили моќта на грчката флота.
Се очекува парламентарната комисија да ја одобри оваа набавка во следните денови.
Грција планира да вложи повеќе од 25 милијарди евра во следната деценија за развој на одбраната. Планот опфаќа купување нови борбени авиони од САД, подморници, летала без екипаж за воздух, море и под вода, како и нов заштитен систем против воздушни напади наречен „Ахилов штит“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден