18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Данска најави значително зголемување на воените капацитети преку набавка на современо прецизно оружје со долг дострел, како одговор на растечката закана што ја претставува Русија за Европа.
„Нема сомнение дека Русија ќе продолжи да претставува закана за Европа и Данска во годините што доаѓаат,“ изјави данската премиерка Мете Фредериксен за новинарите, пренесе Ројтерс. Според неа, модернизацијата на одбранбените капацитети е клучна за заштита на националната и регионалната безбедност.
Министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, објасни дека потенцијалната аквизиција може да вклучува ракети и беспилотни летала. Дополнително, Данска разгледува можност за набавка на флота патролни авиони „Боинг П-8“ за откривање подморници. Ова би го засилило надзорот над Фарските Острови и Гренланд, кои имаат стратешко значење за безбедноста на Северниот Атлантик.
Поулсен изјави дека земјата би можела да потроши милијарди долари за набавките. Ова претставува дел од пошироката стратегија на Копенхаген за значително јакнење на вооружените сили. Планот, сепак, најпрво мора да добие зелено светло од данскиот парламент.
Со овие чекори, Данска испраќа јасна порака за решителноста да ја зајакне својата одбрана во услови на зголемени геополитички тензии во Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден