11 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Полицијата од Секторот за внатрешни работи – Скопје утрово, околу 06:10 часот, ја привела 23-годишна жена од Кавадарци под сомнение дека физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 00:37 часот во семејниот дом на осомничената. По нападот, бебето било веднаш пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му е укажана соодветна лекарска помош.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

