14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Мнозинството работници во Македонија сметаат дека минималната плата мора значително да се зголеми и да достигне најмалку 600 евра, покажува најновата анкета на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Анкетата била спроведена на 11 и 12 ноември 2025 година врз репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. Резултатите упатуваат на јасно изразено незадоволство од актуелниот износ на минималната плата:
Дополнително, огромно мнозинство – 99,5% од испитаниците – се согласуваат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на годината. Половина од нив (52,8%) изразиле подготвеност да учествуваат во протести доколку тоа не се случи, а 47,2% би биле подготвени и на штрајк.
Од ССМ наведуваат дека резултатите ги потврдуваат реалните потреби на работниците, а не лични желби или изолирани ставови.
„Анкетата јасно покажува дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку реална потреба на работниците во Македонија,“ порачуваат од ССМ.
Како следен чекор, синдикатот најави дека ќе ги достави резултатите од анкетата до надлежните институции со цел иницирање конкретни мерки за зголемување на минималната плата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

