18 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Во контроверзна изјава дадена во вестите на ТВ Сител, вицепремиерот и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, тврдеше дека скопската градоначалничка Данела Арсовска физички го нападнала таканаречениот командант Барути, не обратно — како што претходно беше прикажано во јавноста.
„Имаме снимки, сè се гледа“, изјави Меџити, реагирајќи на прашањето зошто само ВЛЕН не го осудила настанот кој заврши со притвор за Барути. Според него, не станува збор за напад врз Арсовска, туку таа била иницијаторот на инцидентот.
„Таа дошла пред неговата куќа и го натепала со клоци,“ тврди Меџити, инсистирајќи дека Арсовска е таа што извршила физички напад, а не жртва на насилство.
Изјавата на Меџити доаѓа неколку дена по инцидентот што го крена притисокот во политичката сцена во Скопје. Според официјалните информации, Барути беше приведен како осомничен за напад врз градоначалничката, но изјавите на Меџити го ставаат целиот случај под ново светло.
Дополнително, Меџити ја обвини Арсовска за состојбата со водоснабдувањето во неколку скопски населби, наведувајќи дека токму нејзиното управување со јавните претпријатија довело до банкрот и криза. „Сè ќе се среди кога ќе замине Арсовска и ќе дојде нов градоначалник,“ рече тој.
Од Град Скопје засега нема официјална реакција на овие обвинувања. Јавноста останува поделена, а исходот од случајот со Барути може да донесе нови политички тензии и судски пресврти.
ВЛЕН: Ќе бидеме глас на еднаквоста за сите институции на албанското наследство