02 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец поради сомнение за кривично дело „нанесување тешка телесна повреда“ согласно член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 28 октомври во семејниот дом, кога по кратка вербална расправија осомничениот физички ја нападнал својата сопруга. Според обвинителството, тој ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите, барајќи помош.
Од нападот, жртвата се здобила со сериозни повреди – скршеници на три ребра и бројни хематоми. Насилството, според обвинителството, се случувало и во присуство на нивните ќерки и малолетната внука.
Имајќи ја предвид тежината на делото, опасноста од бегство и можноста за повторување на насилството, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

