14 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер и универзитетски професор Љубомир Фрчкоски во своето гостување даде низа оценки за политичките процеси во државата, притоа истакнувајќи ја улогата на поранешниот премиер Зоран Заев во современата македонска политичка историја.
Според Фрчкоски, Заев треба да се смета за историска фигура поради неговиот придонес во два клучни процеси: склучувањето на Преспанскиот договор и демонтажата на авторитарната власт од претходниот режим.
Фрчкоски потсетува дека со Преспанскиот договор Македонија го затвори деценискиот спор со Грција, овозможувајќи го продолжувањето на евроatlантските интеграции. Тој го опишува овој процес како „огромна работа“ која барала политичка храброст и зрелост.
Но, според него, уште поголем предизвик била демонтажата на авторитарниот систем кој, како што вели, не може лесно да се победи само преку избори. „Не заборавајте дека не може да се урне таков режим постојано само на избори,“ нагласува тој, додавајќи дека по победата следува многу потежок дел – институционално враќање на нормалноста и владеење на правото.
Фрчкоски предупредува дека секој обид за промена на авторитарен модел по изборен пораз е сложена операција што бара силна институционална поддршка. Според него, доколку актуелното обвинителство не ги преземе реформските чекори, Македонија може повторно да западне во ризични политички насоки.
На коментарите за тоа како одделни струмичани го гледаат Заев, Фрчкоски одговара дека тоа не е пресудно за неговата оценка. Тој инсистира дека историската улога не се мери по локални перцепции, туку по објективните резултати оставени зад себе.
Фрчкоски смета дека Социјалдемократскиот сојуз мора да спроведе „процес на дезавуизација“ – односно длабока внатрешна реформа во која ќе се расчисти со старите слабости и ќе се создаде јасна визија за иднината на партијата.
Идеите за собирање потписи за Нобелова награда за Заев тој ги споменува со доза на иронија, нагласувајќи дека приоритет треба да бидат реформите, а не симболични гестови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

