(ФОТО) Во турски музеј ,,Црешовото Топче" прикажано како бугарско
Facebook страницата „Стариот Радко“ објави фотографија од црешовото топче, користено од илинденските востаници во 1903 г. Истото се наоѓа во музеј во Истанбул. На белешката со појаснување јасно е запишано дека артефактот доаѓа од BULGAR милетот. Таа белешка е постара. На фотографијата може да се види и белешка, која е подоцна додадена и на истата наспроти милет пишува MAKEDON.
На двете белешки кои се однесуваат на истиот артефакт, бидејќи се со ист инвентарен број 210, се наведени два различни датуми. На белешката кај што пишува булгар милет, стои годината 1903, а на новата белешка, кај што стои македон милет стои датумот 14 мај 2014 г.
Како што може да се види, во моментот кога е направена фотографијата се истакнати и двете белешки. Тоа јасно покажува дека обидот да биде исправена „една историска неправда“ топчето да не се поврзува со македонските Бугари, бил неуспешен. Постарото објаснување кажува доволно, а нашите пријатели од Турција, ни покажуваат дека општата историја на Бугарија и Република Северна Македонија е факт. Факт од кој не може да се избега со додадени во поново време белешки.