ДУИ: Го осудуваме дипломатскиот скандал кон Османи, скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на Гаши
Соопштение на ДУИ:
Демократската унија за интеграција најостро го осудува скандалозниот дипломатски инцидент на скопскиот аеродром против претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи.
Ваквиот однос на државата кон секој граѓанин, а особено кон највисоките претставници на државата, а во овој случај нашите сестри и браќа од Косово, е неприфатлив и мора да биде најстрого казнет.
Скандалозна е и инволвираноста на шефот на обезбедувањето на нелегитимниот претседател на Собранието Африм Гаши во инцидентот, и продлабочувањето на истиот, без никаква надлежност, без да биде повикан и без право, а тоа гласно говори за мизерната и вазална позиција на нелегитимната албанска застапеност во моноетничката влада.
Поразените на претседателските и парламентарните избори ја прифатија улогата на потчинети и сервилни, само за самите да бидат на власт, оставајќи ја судбината на Албанците во земјава и во регионот на милост и немилост на ВМРО ДПМНЕ.
Недостигот на легитимитет, но и на знаење и храброст, ве тера да се срамите пред своите граѓаните и пред вашите браќа и сестри во Косово и Албанија, но и пред Вашингтон и Брисел.
Негирањето на инцидентот од страна на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, незаконската и анархична вмешаност на личното обезбедување на Гаши што предизвика уште поголем инцидент, не смеат да поминат без политичка одговорност заедно со законската одговорност на сите инволвирани во овој дипломатски скандал.